Page Title Bg

Фитнес Станица - Олимписки

ПРАВИЛА

Divider

Фитнес Станица - правила

1. Хигиената на прво место. Се вежба со чиста опрема.
2. Месечните термини важат 1 месец од датумот на надополнување (пример од 16.04 до 16.05).
3. Комбинирање на 2 активности е дозволено доколку доаѓате 3 или повеќе пати неделно.
4. Местото во групата е гарантирано само со уплатена месечна членарина за конкретната активност.
5. Носењето и откуцување на припејд картичката е задолжително.
6. Вежбате на ваша сопствена одговорност,клубот не сноси никаква одговорност.
7. Се доаѓа 10-15 минути пред часот, како истиот не би бил прекинуван од доцнење.
8. Паркингот пред Олимписки е бесплатен за време на вежбањето со приложена картичка.
9. Клубот не работи за државни празници, освен доколку има известување дека ќе работи.

Која е нашата визија и цел?

Целта на Фитнес Станица е да се создаде место со коешто нашиот град ќе добие пријатно место во коешто ќе може да се вложува во добриот изглед и одржувањето на добрата психофизичка кондиција на сите наши посетители. Во стресни и брзи времиња како денешните од огромна важност е рекреацијата и релаксацијата којашто секако му е потребна на нашето тело и нашиот ум. Пријатната и пријателска атмосфера ќе допринесе за да имаме супер поминато време заедно. Се гледаме во Фитнес Станица.

Зошто да вежбам во Фитнес Станица?

Затоа што гарантираме дека нема повеќе да вежбате во импрозирани сали и мали соблекувални со лоша миризба кадешто проветрувањето е луксуз, ние имаме централно ладење и греење специјално за оваа намена. Затоа што го креиравме најубавиот простор за да имате супер поминато време во рекреација. Затоа што гарантираме дека хигиената ќе биде на највисоко можно ниво. Затоа што нашите инструкторки ќе направат пријатна атмосфера за вежбање во којашто вежбањето ќе ви биде секојдневно задоволство.

Фитнес Станица - Олимписки

Divider

Хигиена

Највисоко ниво на хигиена. Централно греење и ладење специјално за оваа намена

Icon

Бесплатен паркинг

Со секоја месечна претплата добивате бесплатен паркинг пред Олимпискиот базен за време на вежбањето во центарот на градот.

Icon

Атмосфера за вежбање

На секого му е потребна пријатна атмосфера за вежбање, ние ја имаме.

Icon
Icon

Најголем центар во градот

Фитнес Станица е најголемиот центар во градот, со најголеми сали, соблекувални, помошни простории и истиот е лоциран во објектот на Олимписки базен.

Icon

Простор

Никој не сака гужва додека вежба.   Кај нас големината на групите е утврдена да нема турканици.

Icon

Нова опрема

За понудените активности во Фитнес Станица имаме нова опрема за секој посетител.